Тажна исповед на еден маж: Ја изневерував секоја жена во која бев заљубен!

Изневерувањето е секогаш тема која отвора многу дебати. Секогаш се зборува за тоа што треба да се прави или зошто се случува. По тој повод, еден маж реши да ја сподели својата приказна и да ги открие причините поради кои ги изневерувал сите жени кои ги сакал и зошто престанал да го прави тоа:

„Ако некој ве изневерувал, тоа нема никаква врска со вас. Верувајте ми! Не го кажувам ова само за да се чувствувате подобро. Знам за изговорите кои ви ги кажувале: дека сте ги занемариле, дека сте ги довеле до лудило, едноставно се случило и не значело ништо, биле пијани и не знаеле што прават, итн.

Знам што ви зборувам затоа што и јас бев таков тип, ја изневерував својата жена. Тоа доведе до тоа на крај да се разделиме и нашиот син сега е поделен помеѓу два различни дома.

Ги изневерував и сите девојки со кои бев и пред бракот. Но, тоа што тогаш не го знаев, а не го знаеја и тие е дека проблемот не беше во нив, проблемот беше во мене.

Зошто ги изневерував? Ги изневерував затоа што бев таков. Не ги изневерував поради тоа што биле вакви или онакви. Можам искрено да признаам дека имав фантастични жени во својот живот, но тоа не ме спречи да ги изневерувам.

Мајка ми често ми зборуваше дека ќе станам сличен на луѓето со кои се дружам. И така беше. Сите мои пријатели ги изневеруваа своите девојки и жени. Мојата лична филозофија за тоа што правев тогаш беше сосема прифатлива, јас навистина не гледав лошо во тоа што ги изневерувам девојките.

Тоа беше и причината поради која постојано се дружев со луѓе кои ги изневеруваа своите девојки и жени. Сакав да бидам во друштво во кое моето однесување е прифатливо. Да бев дилер, ќе се дружев со дилери. Бев прељубник и се дружев со други прељубници.

Како престанав со тоа? Еден ден одлучив да бидам подобра личност. Одлучив да станам што е можно подобар. Веќе не бев задоволен со себе, својот изглед, емоционалниот живот, финансиите, друштвените и љубовните односи.

Не бев задоволен со ниту едно продрачје од својот живот и одлучив да го променам тоа. Промената бараше нов начин на размислување и цела нова животна филозофија. Тоа што престанав да ги изневерувам жените е само последица од мојата цврст одлука да се променам. Веќе не се дружам со прељубници и со луѓе на кои таквото однесување им е прифатливо.