Тато кога ќе ме праша учителката каде беше за летниот распуст што да и одговорам?

Не се сеќавам кога последен пат сум бил на одмор, а не ни можам да си го дозволам. Од платата само можам да преживувам месец за месец, а да се задолжувам не сакам и онака отплаќам веќе кредит. Моите деца наоколу слушаат кој како си поминал на море, езеро, на жалост ни оваа година не ќе можат да се пофалат на училиште кога ќе одат каде го поминале летниот распуст. Пред некој ден ги однесов на Матка, ќеркичката која сега ќе биде второ одделени ми рече мене кога учителката ќе ме праша каде беше на одмор Ива ќе и речам јас бев на Матка, со тага во гласот раскажува Бобан.

Според истражувањето на Еуростат, една третина од популацијата на Европската Унија (32,9%) не можат да си дозволат годишен одмор во странство, пишува “Aл Џезира”.

Најдобра е ситуацијата во Норвешка, каде само 6 % од населението не може да си овозможи седумдневен годишен одмор во странство. Зад Норвешка е Шведска со 8,2%, а потоа Швајцарија со 8,9%.

Од членките не ЕУ, најлоша состојба има во Романија – две третини од Романците не можат да си дозволат седумдневен одмор во странство. Зад Романија во ЕУ се наоѓа Хрватска со 61,2% кои не можат да си дозволат таков одмор.

МАКЕДОНИЈА и СРБИЈА НА ДНОТО НА ЛИСТАТА

Околу 65,3 % од Македонците не можат да си дозволат ваков годишен одмор, а во Србија процентот е нешто понизок и изнесува 62,8%.

Сите денешни вести прочитајте ги тука.