Таткото на познатата ракометарка на Вардар ненадејно почина во Скопје

Ракометарките на Вардар во денешниот меч против Будуќност ќе бидат ослабени со неиграњето на главниот дефанзивец во тимот, црногорската интернационалка Андреа Кликовац, пренесува курир.мк.

Причина за изостанувањето е што црногорската интернационалка ја затекна голема трагедија, откако нејзиниот татко, кој допатува во Скопје за да ја бодри од трибините на денешниот натпревар против Будуќност, синоќа ненадејно починал.

Имено откако Кликовац и нејзиниот татко го гледале дуелот помеѓу Вардар и Целје во машката Лига на шампиони, заминале во станот на ракометарката, каде што му се слошило. Веднаш била повикана брза помош, но лекарите констатирале смрт, а неофицијално причините се срцев удар.