Tаткото на Боки 13 доби шест месеци затвор

Половина година затвори доби Миле Јовановски, татко на Боки 13, пресуда која денеска ја одреди Основниот суд во Скопје.

Јовановски е казнет бидејќи во јануари 2017 година го нападнал попот Виктор Стојчев. 

Според пресудата, Јовановски го нападнал Стојчев по расправија за паркинг место, по што му нанел повреди. Јовановски беше обвинет за кривичното дело тешка телесна повреда.