Таткото ја советува својата ќерка: Кога ќе пораснеш твојата сила нека биде во срцето, а не во ноктите!

Врската меѓу таткото и ќерката е меѓу најсилните врски, врска која ништо не може да ја разруши. Таткото за ќерката е суперхеројот на нејзиниот живот, нејзината најголема поддршка, љубов и заштита!

Таткото на едно четиригодишно девојче решил да и напише писмо кое ќе и го даде да го прочита кога ќе дојде време за тоа, но истовремено пишува и за сите жени кои сакаат да го чујат гласот на еден татко.

Во продолжение прочитајте го неговото прекрасно писмо:

Драга малечка,

Додека го пишувам ова, седам во одделот за шминка во една локална продавница. Неодамна еден пријател ми прати порака додека се наоѓал на едно слично место и ми кажа дека се чувствува како да е на едно од најсуровите места на светот. Затоа сакав да пробам и да разберам зошто е тоа така.

И сега, додека седам овде, почнувам да се сложувам со него. Зборовите имаат моќ, а зборовите кои се на полиците со шминка, гледам дека се многу моќни. Зборови и фрази како на пример: „Достапно и прекрасно“, „безгрешно“, „беспрекорна завршница“, „сјајна сила“, „течна моќ“, „Изберете природно“, „пркоси на годините“, „инстантно го враќа времето“, „Речиси гола„ и „Природна убавина“.

Кога ќе станеш родител на девојче, ќе сфатиш дека таа е јака колку и сите околу неа – таа е сила на која треба да смета, огнена душа со истите желби и страсти какви што ги имаат сите други. Сепак, додека седам во делот на продавницата каде што се нуди шминка, гледам дека поголемиот дел нема да ја види како таква. Ќе ја гледа како убаво лице и тело за уживање. И ќе и речат дека мора да изгледа на одреден начин за да вреди и за да биде влијателна.

Но, зборовите имаат моќ и можеби, само можеби, зборовите на таткото можат да се натпреваруваат со зборовите на светот. Можеби зборовите на таткото можат да и помогнат на девојчето да го претвори институционализираниот срам во стабилно чувство за своите сопствени вредности и убавина.

Зборовите на таткото не се некои други зборови, но имаат поинакво значење:

Сјајна сила

Твојата сила нека не биде во ноктите, туку во срцето. Сфати која си, а потоа ќе можеш успешно да се пробиваш низ животот.

Избери го твојот сон

Но, тој сон нека не доаѓа од полиците. Пронајди тивко место во себе и посади ги тука вистинските соништа. Откриј што сакаш во овој свет, а кога ќе избреш – продолжи со тоа, со интегритет и со надеж.

Гола

Светот сака да се разголиш. Меѓутоа, ти соблечи ги ракавиците. Кажи што ти лежи на срце. Биди ранлива. Ризикувај. Сакај ги сите оние кои и сами едвај знаат што е тоа љубов, прави го тоа соголено. Отворено. Незапирливо.

Безгрешна

Секогаш биди свесна за една работа – не постои безгрешност. Тоа е илузија која ја создале луѓето кои се заинтересирани за твојот паричник. Ако избереш да трагаш по совршенство, биди непогрешливо благодарна заради она што си и заради луѓето кои те опкружуваат.

Пркоси им на годините

Твојата кожа ќе се збрчка, а младоста ќе исчезне, но твојата душа ќе остане вечно млада. Секогаш ќе знае како да си игра, како да ужива и како да лудува во овој живот во кој имаме само една прилика. Пркоси му на стареењето на твојот дух.

Беспрекорна завршница

Крајот нема никаква врска со тоа како денес изгледаме, но има вска со тоа каков е нашиот живот. Затоа, годините на жвотот нека бидат припрема за тоа кога ќе дојде крајот. Стареј грациозно, созревај мудро,  сакај толку за да можеш да ги опфатиш сите луѓе со твојата љубов. Твојата беспрекорна завршница нека биде спокојната прегратка на крајот и пат кон непознатото, а твојот живот – подарок на секој кој е во твоето срце.

Малечка, ти сакаш се што е розево и украсено и сигурен сум дека еден ден и самата ќе сфатиш дека шминката е важна. Сепак, се молам дека еден збор ќе ти стане особено важен – последниот збор кој го изговараш пред спиење, кога те прашувам каде си наубава. Збор кој е толку светол што ниту еден коектор не би можел да го сокрие.

Каде си најубава? Внатре.
Од моето срце до твоето,
Тато