Тарчуловски: Расадник и Драчево ќе добијат нови градинки

Општина Кисела Вода иако една од најголемите општини таа постојано и континуирано расте. Особено радува фактот што се подмладува. Бројот на најмладите жители  од ден во ден е се поголем а со тоа и потребата за нивно соодветно згрижување, изјави кандидатот за градоначалник на општина Кисела Вода од ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски.

Вели дека во изминатиот период беа изгрдени 3 нови градинки по сите современи стандарди и тоа во Пинтија, Припор и Црниче.

-Населени  места  кои за првпат добија градинки и можност за родителите од тие места најблиску и најсоодветно да ги  згржат своите најмили. Но тука не застануваме, ќе продолжиме со грижата за најмладите жители на општина Кисела Вода и ќе изградиме уште 2 нови градинки и тоа овде во населбата Расадник и во населбата Драчево. И двете нови градинки ќе добијат специјализирани Сензор Соби кои на децата со пречки во развојот ќе им го олеснат начинот на комуникација преку слики и сензорна интеграција, следени од стручен тим. Ќе се реконструираат и модернизираат по системот на енергетска ефикасност уште 5 веќепостоечки градинки, истакна Тарчуловски.

Посочи дека ВМРО-ДПМНЕ како партија која во минатото се докажала низ бројни дела оти се грижи за доброто на своите граѓани, ќе воведе бесплатно згрижување на децата од еднородителските семејтва во градинките, со цел заштита на оваа кревка и ранлива категорија на семејства.