Тарчуловски: Ќе инвестираме за сите луѓе, големи капитални инвестиции за Пржино и Црниче од 110 милиони денари

Кандидатот за градоначалник на Општина Кисела Вода од ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски заедно со носителот на советничката листа Орце Ѓорѓиевски, денеска беше во посета на населбите Пржино и Црниче, каде најави големи и капитални инвестиции за жителите на овој дел од Кисела Вода.

-Големи капитални инвестиции за Пржино и Црниче од 110 милиони денари. Ова е вистината, ќе инвестираме за сите луѓе, за секое маало, за секоја педа во Кисела Вода. За сите луѓе, за сите граѓани. Подеднакво. Ќе решаваме проблеми. Ми претставуваше чест и задоволство што денес бев во Пржино и Црниче, напиша Тарчуловски на Фејсбук.