Тарчуловски и Ѓорѓиевски ветија проширување на булеварот „Борис Трајковски“ од Пинтија до влезот на Драчево

- Економскиот развој во Општина Кисела Вода значително ќе се унапредува. Ќе се прошири бул. Борис Трајковски во делот од Пинтија до влезот на Драчево во делот на индустриската зона со што на инвеститорите ќе им биде на располагање унапредената инфраструктура. Исто така ќе се креира бизнис инкубатор и ќе се спроведат бесплатни обуки за доквалификација на невработените лица - гласи Фејсбук статусот на Орце Ѓорѓиевски, носител на советничка листа на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода.