Таравари нема да може да разрешува и именува директори, ги прекршил процедурите

Градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари, нема да може да разрешува и именува нови директори во основните и средните училишта. Тој со низа постапки го прекршил законот, обвини министерката за образование и наука, Рената Десковска, повикувајќи се на записници од Државната просветна инспеција.

„Постапката за одземање на надлежностите на градоначалникот беше радикална мерка, но немаше избор. Ние укажувавме, тој не почитуваше. Инспекцијата укажуваше на прекршувањата, за што постојат решенија. Моравме да ги поништиме неговите одлуки, а тој не ги спроведе истите“, рече Десковска

Министерката вели дека мерката ќе биде во сила девет месеци, а постапката за одземање на надлежностите траела долго. Според неа, немало друг начин да се спроведе владеење на правото.