Тамара Тодевска, Нина Јанева, Дани Димитровска, Елена Миленковска... се само некои од дамите од домашната естрада кои не можеа да одолеат на трендот - шарање по телото. Некои од нив имаат цртежи кои се инспирирани до љубовта, други имаат "исчкртано" важни животни настани, а има и такви кои на сопствената кожа овековечиле цитати кои им се допаѓаат и ги карактеризираат како личности.
Е сега, дел од нив се задоволиле со една тетоважа..., но поголемиот број не можат да престанат да го бојат телото, а од месец во месец бројот на нивните тетоважи постојано се зголемува. Едноставно, тие се зависни од игла...
Нина Јанева
Нина Јанева има ангелски крилја на десната нога, а на десната рака има ѕвездички.
Тамара Тодевска
Уникатната Тамара е голем љубител на тетоважите. Таа и сопругот наместо бурми на домалиот прст го имаат истетовирано симболот на бесконечноста, а пејачката е и меѓу првите кај нас која стави цртеж на интимен дел од телото, односно на задникот каде и е исцртан ликот на зајачицата Џесика од филмот "Зајакот Роџер".
Дани
Рокерката е зависна од игла и може да се пофали со неколку тетоважи, а омилена и е онаа на ногата каде што има нацртано пајак. Освен малото пајаче, Дани има испишано и цитат на бутот, а има цртеж и на раката.
Елена Миленковска
Впечатлива тетоважа на рамото има и пејачката Елена Миленковска која беше прогласена за најперспективна пејачка на радиофестивалот „МАРС“. Симболот комплетно го отсликува нејзиниот живот, а тоа е музиката.
“Имам виолински клуч и петолиние со ноти, поврзани со синџир на кој има срце заклучено со катанец. Музиката е во моето срце.Таа ме исполнува и ме прави среќна. Навистина ми е мило што го носам тој печат на мене”, откри Миленковска.