Талески меѓу петте најдобри млади ракометари во Европа!

ЕХФ одвои пет млади ракометари на кои треба да се внимава во наредниот период, а меѓу е ракометарот на Металург и наш репрезентативец Филип Талески.

Филип Талески имаше неверојатно отварање на сезоната со натпреварот против Елверум на кој постигна 13 голови од вкупно 18 на Металург, меѓу нив и погодокот во последните секунди за победа. Талески ја игра својата најдобра сезона, има простор за напредок и нема сомнение дека ќе прерасне во голема ракометна ѕвезда.

Меѓу петте ракометари е и засилувањето на Вардар, Вуко Борозан. Црногорецот има „топ“ во десната рака и покажа дека не е само иднина на „црвено-црните“ туку и сегашност. Игра значајна улога во тимот, а неговото време допрва доаѓа.

Покрај Талески и Борозан, меѓу најдобрите млади ракометари се и Недим Ремили од ПСЖ, Џери Толбринг од Кристијанштад и Лукас Нилсон од Кил.