Tаксистот Славчо Цариќ бесплатно вози стари и изнемоштени лица

Превозот го врши секој ден во периодот од 7 до 10 часот. За ваквиот гест тој вели дека нема некоја посебна причина, туку едноставно сака да даде свој придонес за општеството, посебно на Општина Центар.

– Поттикнат сум од хуманите активности на Општината Центар и на градоначалникот Саша Богдановиќ, со кои покажуваат дека се грижат за своите граѓани, жители. Општината Центар ми помогнала кога ми било најпотребно и сега сакам на некој начин да возвратам – изјави Цариќ за весникот ВЕЧЕР

Меѓу граѓаните кои во оваа тешка ситуација, кога секој стрепи да не заболи од коронавирусот, има и такви кои несебично ја нудат својата помош. Еден од нив е и таксистот Славчо Цариќ, кој живее во општина Центар, на улицата „Мајка Тереза“ (поранешна Водњанска), спроти Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Тој како лиценциран индивидуален таксист нуди бесплатен превоз на старите и изнемоштени лица од територијата на општина Центар.

– Превозот го вршам секој ден во периодот од 7 до 10 часот и тоа на стари и изнемоштени лица до маркети и здравствени установи – изјави Цариќ за весникот ВЕЧЕР.

За ваквиот гест тој вели дека нема некоја посебна причина, туку едноставно сака да даде свој придонес за општеството, посебно на Општина Центар.

– Поттикнат сум од хуманите активности на Општината Центар и на градоначалникот Саша Богдановиќ, со кои покажуваат дека се грижат за своите граѓани, жители. Општината Центар ми помогнала кога ми било најпотребно и сега сакам на некој начин да возвратам – вели Цариќ. (Вечер)

Оваа хуманитарна активност тој ја спроведува од понеделникот и функционира веќе пет дена.