Таксист малтретирал девојка во Скопје бидејќи немала ситни пари за да плати

Скопјанка била нападната од таксист бидејќи немала ситно за да плати. На социјалните мрежи девојка се пожали на односот на такси возач кој најпрво ја навредувал а потоа кога сакала да излезе од возилото ја фатил за рака и ја принудил да ја плати услугата.

Скопјанката му дала 1000 денари за сметка од 60 денари по што тој и побарал ситно. Откако му кажала дека нема и побарала тој да раситни, почнал да ја навредува. Девојката му сугерирала дека тој е должен да врати кусур или да ја врати 1000та,  по што почнала  жестока расправија а според кажувањата на патничката,  таксистот се обидел и да ја удри.

Скопјанката тврди дека го пријавила возачот во компанијата и дека планира истиот да го  пријави и во полиција. 

Колеги на возачот тврдат дека таксистот бил предизвикан така да изреагира бидејќи патничката сакала да замине без да плати.

Таксистите тврдат пак дека почесто тие се жртви на непристојни патници. Велат бегаат од сред патување за да не платат. Некои дури ги напаѓаат или пак под дејство на алкохол им ги уништуваат возилата.