Тајните од моето срце - прва книга на младата Јована Трајчевска

Јована Трајчевска од Ресен е штитеничка на училиштето за деца и младинци со оштетен вид “Димитар Влахов”- Скопје. Но, тоа што ја прави поразлична од останатите другарчиња е љубовта кон пишаниот збор и првата книга која вчера официјално беше промовирана.

Десетгодишната Јована Трајчевска од Ресен, и покрај тоа што го има загубено видот, не ја има загубено силната волја за живот и за уметничко творење. Во сабота, 18 февруари, Јована ќе ја промовира својата прва стихозбирка “Тајните на моето срце”, која ја подготвувала во изминатата година и пол, инспирирана од секојдневните ситуации и од своето семејство.

Нејзината желба за пишување се јавува кога таа има осум години. Свири одлично на клавир и хармоника и има посебен талент кон пеење и моделирање од глина и пластелин. Посебна љубов има кон животните и цвеќињата. Член е на „Анима мунди“. Јована е и заштитно лице е на постерот на УНДП во училиштата за деца со хендикеп „Како да се снаоѓаме при елементарни непогоди“.