Вечна љубов. Брутална грижа на совест. Скршени срца…

1914: Русија е на раб на колапс и семејството Романови се соочува со ужасно несигурна иднина. Големата војвотка Татјана се вљубува во војникот Дмитри, но со катастрофален пресврт во настаните, нивната романса - а и нивните животи - паѓаат во опасност…

2016: Кити Фишер открива нешто ужасно што ја тера нагло да побегне од Лондон во колибата на нејзиниот прапрадедо во Америка. Таму, на брегот на прекрасното езеро Аканаби, наоѓа спектакуларно парче накит што ќе ја одведе до одамна закопана семејна тајна…

Срцепарателна и прекрасно напишана, Тајната сопруга патува низ векови, спојувајќи го минатото со сегашноста за да раскаже незаборавна приказна за љубовта, загубите и борбеноста, потврдувајќи уште еднаш дека надежта секогаш умира последна.

Џил Пол е авторка на неколку бестселери и главно пишува историска фикција. Нејзина најпопуларна и наjпреведувана книга е Тајната сопруга, која сега доби и македонски превод од страна на издавачката куќа Сакам Книги. Книгата ќе биде промовирана за време на зимскиот саем на книга што ќе се одржува во ГТЦ од 25-30 декември во организација на Македонската асоцијација на издавачи. Тие денови, на едно место ќе може да се најдат најчитаните изданија на осум издавачки куќи. Исто така, може да се нарача од веб страната на издавачот по промотивна цена.