Тајната на древните Викинзи: никогаш немале проблеми со срцето и крвниот притисок

Нордијската диета докажано може да го зајакне имунитетот и да го сочува здравјето. Научно е докажано дека луѓето од северните делови на планетата немаат проблеми со срцето или крвниот притисок.

Хранете се како Викизите за да бидете издржливи како нив, покрај тоа храната е неверојатно вкусна.

Харинга

Сите Скандинавци се луди по оваа риба. Таа е одличен извор на витаминот Д. Може да се подготви на сите можни начини, пржена, чадена, ладна...

Слатко и кисело

Викизите секогаш во солените и кисели јадења додавале свежо овошје. Покрај тоа што го подобрува вкусот на јадењето, овошјето прави маснотиите да се разградуваат уште во устата и дополнително го олеснува варењето. 

Месо

Традиционалната скандинавска кујна вклучува многу протеини добиени од месото. Како гарнир, задолжително се додава коренест зеленчук.

Пржени јајца

Древните Викинзи се засладувале со јајцата. Особено жените ги консумирале бидејќи влијаат на хормоните и спречуваат низа женски болести.

Сендвич на Викиншки начин

Црн или било каков темен леб намачкајте го со дебел слој на паштета од туна. Дополнете го сендвичот со парче говедско месо и задолжително додадете некаков вид на салата. Викинзите додавале и сирење по желба, како и разни бобинки кои на северот се сметаат како главен зачин.