Таа...

Внатрешните дневни мисли на една жена, колку од нив се позитивни? Доказ колку често се труеме самите себеси од сопствените мисли...

Стани наутро. Не драматизирај. Облечи се, направи си кафе, испуши една цигара.
Нашминкај се. Облечи нешто примерно за на работа.
Оди по улица. Главата горе или доле. Препоти се. Вози се со автобус.
Мисли што ќе правиш за ручек. Провери дали некој те барал. Биди љубезна со шефот и колегите. Смешкај се. Оди на пауза. Кажи дека си уморна. Слушај ја како се жали од децата. Размислувај за диета. Неприфалтиво е. Офарбај се. Не размислувај за минусот во банка. Не размислувај. Размислувај. Биди рамнодушна затоа што нема да одиш на летување. Бори се за права. Човекови права. Дај поддршка. Закажи депилација. Зборувај со сестра ти. Јави ѝ се на мајка ти. Посети ја баба ти. Не се жали. Биди безобразна. Изгледај кул. 

Не се плаши од самотија. Не биди наивна. Фрли поглед на некој излог. Загледај некој на улица. Исправи се додека одиш. Би можела почесто да носиш штикли. Сврати до продавницата за здрава исхрана. Јади салата. Избегнувај го тестото. Пиј многу течности. Сокриј ги подочњаците. Шетај повеќе. Избори се со минатото. Не се замарај. Мораш на фризер.Сакаш да си купиш нови очила за сонце. Отиди на пазар. Помини евтино, а здраво. Биди среќна. Биди задоволна. 

Чувај се од манијаци. Не гледај попреку.Не зборувај многу. Климај со глава. Стави парфем. Биди паметна. Прочитај книга. Гледај серија. Имај дечко. Имај маж. Биди сама. Биди несреќна. Смири се со другарка ти. Оди на гинеколог. Роди дете. Купи маскара. Гласај. Биди убава. Вовлечи го стомакот. Изгледај помладо. Сакај. 

Не биди очајна. Слушај супер музика. Биди дел од општеството. Не се однесувај чудно. Игнорирај. Биди сериозна. Работи на себеси. Разведи се. Плачи сама. Работи. Работи. Работи. Немаш никого. Имаш љубовник. Си се здебелила. Среди се малку. Собери се. Заради себеси. Биди позитивна. Изгледај совршено. Имај млад дух. 

Излези во град. Не биди баба. Дојди дома. Не биди мрзлива. Среди ја куќата. Плати ги сметките. Чупај ги веѓите. Лакирај ги ноктите. Направи ручек за утре. Пронајди среќа.