Таа се смее со една голема, светла насмевка за целиот свет да види...
Заразна со нејзините ситни заби и заразно смеење и светли очи.
Однадвор нејзиниот живот изгледа толку средено,
живеејќи ги соништата за коишто таа зборуваше со години,
зборувајќи за „совршениот живот“ на нејзината душа.
Но, кога таа е сама, таа плаче -
Таа плаче за сила за да може да продолжи понатаму.
Таа плаче за болните мускули и коски кои не можат да се одморат.
Таа плаче за парите кои не ги прави, без оглед на часовите кои ги поминува работејќи.
Таа плаче за празнината во нејзиниот живот.
Таа плаче за празнината во нејзината матка.
Таа се насмевнува за љубовта која нејзините луѓе и ја даваат.
Таа се насмевнува за прекрасните изгрејсонца.
Таа се насмевнува кога светлината на Месечината ќе допре во нејзината соба.
Таа се насмевнува затоа што ги претвора овие прекрасни соништа во реалност.
Таа се насмевнува затоа што на крајот на денот, таа знае дека ќе биде подобро.
Таа е вашиот сосетка, вашата сестра, вашата мајка, вашата жена...
Таа се стреми да биде совршена.
Таа се грижи за сите пред да се грижи за себе.
Таа ги става своите потреби на страна за да се погрижи за вашите.
Таа се крие зад таа голема, сјајна насмевка,
Но таа секој ден се справува со депресија.

Функционална депресија е еден вид депресија во коешто депресијата се поттиснува онолку колку што е потребно за личноста да може да го протурка денот.

Неколку симптоми кои треба да ги барате:

1. Зголемена иритабилност.
2. Зголемена строгост кон себеси.
3. Работата станува тортура.
4. Зголемено користење алкохол, цигари или дрога.
5. Зголемено чувство на губење време.
6. Анксиозност.
7. Запоставување на работите кои порано причинувале задоволство (изглед, хобија, дружење...)

Ако вие, или некоја личност којашто ја познавате, забележите дека тоне(те) во депресија, ве молам побарајте помош. Секогаш ќе има некој, некаде којшто со задоволство би ви помогнал.

Вие сте важни. Вие сте доволни.