Таа повеќе не му беше приоритет, па затоа таа престана да се труди...

Тој вели дека се грижи за неа, но неговите дејства не го потврдуваат тоа.

Тој остава преголем простор помеѓу нив и тоа создаде раздор во врската. Можеби тој на почетокот не го виде тоа, а можеби и го виде, ама не сакаше да посвети време за да се занимава со тоа.

Како и да е, се случи тоа што се случи и таа се чувствува како меѓу нив да има километри. Тој беше човекот на кој таа му се обраќаше за се, а сега работите повеќе не се исти. Тој се опседна со сопствениот живот, што заборави дека има некој покрај себе.

Престана да ја прашува како и поминал денот, па таа престана да му кажува. Тој почна да се оддалечува и да се затвора во себе. Тогаш таа сфати дека тој може да ја оттурнува од себе, ама и дека таа може да престане да се труди да му се доближува.

Тој почна да се однесува кон неа како со другарка, па и таа почна да се однесува кон него како со другар. Но, таа има милион пријатели, не и требаше уште еден. Таа го сакаше него и таа сакаше и тој да ја сака како што ја сакаше претходно.

Во моментот кога тој престана да се труди, престана и таа. Таа сметаше дека не е нејзина работа да се тепа за неговото внимание, нејзина работа беше да го сака. И го сакаше, се до моментот кога почувствува дека тој повеќе не ја сака неа.

Таа не сакаше тој да биде дечкото на кого таа ќе се потпира ако таа не е девојката на која тој ќе се потпира. Таа не сакаше да го сака ако тоа значеше дека треба да се тепа за да добие топол збор од него. Па така и таа почна да се затвора. Таа го направи истото што го направи и тој, само што тој воопшто и не забележа дека се случува тоа.

Таа почна се поретко да му се јавува, затоа што секако тој не го креваше телефонот.

Тој не можеше да се справи со девојка која отворено ќе му кажеше кога греши и беше прегорд за да го признае тоа.

Таа повеќе не му беше приоритет и таа престана да се труди да биде приоритет.

Таа се чувствуваше дека повеќе не му е важна. Таа секогаш последна ги дознаваше работите и таа заслужуваше повеќе од тоа. Таа повеќе не беше негова девојка, сега беше само девојка со која тој зборуваше кога имаше време.

Таа заврши. Не сакаше повеќе да игра игри. Се повлече и се затвори. Го исклучи своето срце и со тоа ги исклучи и сите чувства кои ги имаше за него.

Тој повеќе не правеше таа да се чувствува посебно, па таа престана да глуми дека е.