Таа има поминато низ сѐ и сешто, а сепак нејзиниот избор секогаш е љубовта!

Повеќето луѓе не разбираат зошто таа би сакала да се смири толку млада, а таа нема поим како да им објасни. Таа не знае како да им објасни какви работи видела. Таа не знае како да објасни дека додека растела видела работи кои нејзиното младо око не смеело да ги види и поминала низ работи низ кое ниту едно дете не треба да поминува. Таа посакува да каже некому колку била исплашена и изгубена.

Таа сака да знаете какво било чувството кога го допрела дното и дека потребна била сета нејзина сила за да се крене самата себеси. Патот пред неа ќе биде долг, но таа знае дека конечно тргнала по патот кој ќе ја однесе до местото каде што ќе се сака себеси и ќе научи да пушти некој да влезе во нејзиниот живот.

Тој пат ќе ја научи повторно да сака.

Оваа прекрасно ретка девојка ќе стане една од најжестоките и најпосветените партнерки. Таа нема да се откаже од тебе, таа верува дека секогаш има надеж и мисли дека си прекрасен.

Таа знае како е да се чувствуваш дека на никој не му е гајле и таа никогаш нема да престане да ти покажува колку се грижи.

Девојката чие срце еднаш одамна беше скршено на милион парчиња ќе те сака и покрај сѐ, но мораш да имаш трпение затоа што знае да биде тешка. Таа премногу чувствува понекогаш.

Но, ти ветувам дека ќе вреди.

.