Својата сила ќе ја препознаеш по тоа колку можеш да ја издржиш осаменоста...

Својата сила ќе ја препознаеш по тоа
колку можеш да ја
издржиш самотијата. 

Џиновските ѕвезди самуваат
на рабовите на универзумот.
Ситни и збунети
се собираат во универзумот. 

Семето на секвојата избира чистини
со многу сонце, урагани и воздух.
Семето на папратите се повлекува во прашумите. 

Орелот никогаш немал потреба
да се запознае со некој друг орел.
Мравките измислиле народи. 

Својата сила ќе ја препознаеш по тоа
колку си во состојба
да го пребродиш моментот,
затоа што моментот е потежок
и пострашен и подолг
од времето и вечноста.

  • Мика Антиќ