Вкусно јадење од свинско месо и сланина.
Состојки:
300-400 гр сланина Пекабеско
4 свински шницли со средна големина
2 поголеми главици кромид
200-300 гр кашкавал
200 мл павлака Пекабела
1 помала кесичка мајонез
Начин на подготовка:
Во плех редете тенко сечкана сува сланина, преку наредете исчукани шницли, потоа кругови кромид, повторно сланина и на крај рендан кашкавал.
Измешајте павлака и мајонез и прелијте. Печете околу 50 минути.
Добар апетит!