Свежото млеко е вистински хит во светот кој повторно се актуализира и во Македонија

Кравјото млеко долго време се поврзува со доброто здравје на луѓето, што го прави една од најконсумираните напивки во Европа и во САД. Млекото претставува најдобар извор на калциум и фосфор кој постои во природата. Соодносот на калциум и фосфор е идеален и организмот може во целост да ги искористи бенефитите на овие минерали од млекото. Поради ова млекото се препорачува како неизоставен дел од нашата исхрана.

Во последно време светските трендови се во корист на консумацијата на свежо млеко заради неговата хранливост. Тоа го потврдуваат и најновите научни истражувања поврзани со здравјето на луѓето кои откриваат дека свежото млеко, кое во минатото на овие простори беше многу популарно и се купуваше во кеси, овозможува многу здравствени бенефити. Имено, експертите велат дека свежото млеко е богато со неколку есенцијални хранливи материи, како калциум, фосфор, протеини, јаглени хидрати и витамини А, Б и Д.

Статистиката во западните држави открива дека граѓаните на Европа, а во последно време и на САД, го претпочитаат свежото млеко. Во Европа свежото млеко најмногу се консумира во скандинавските земји во кои речиси нема трајно млеко по рафтовите во маркетите, но и во Холандија, Велика Британија, Франција, Грција, Германија и во Италија. Како главна карактеристика на свежото млеко експертите го наведуваат процесот на обработка кој влијае на неговите кревки составни компоненти. Свежопастеризираното млеко се обработува на температура на која се уништуваат само оние бактерии коишто се потенцијално штетни за здравјето на потрошувачите. Со тоа не се влијае на млечните протеини и поради тоа ензимите можат да ја вршат својата благотворна функција во човековиот организам.

„Бимилк“ во својата богата понуда на млека го има и Битолското свежо млеко со 3,2% млечна маст. Благодарение на најновата технологија која се користи за производство на свежото млеко, Битолското свежо млеко нема потреба да се вари. Битолското свежо млеко ги нуди сите нутриционистички предности на свежото млеко, а истовремено ја нуди практичната предност на трајното млеко со тоа што може да се консумира без да се вари. Користејќи висококвалитетно млеко од најдобрите фарми во Македонија, свежото млеко е термички обработено со пастеризација, со што се отстрануваат дури 99,9% од присутните микроорганизми, при што млекото целосно ја задржува биолошката и хранлива вредност.