„Светски пикник” во Градски парк

Не пропуштајте ја можноста на 5 јуни, да дојдете на “Светскиот пикник”, каде ќе можете да вкусите јадења од најразлични кујни од светот и да уживате во забавата организирана од Советот на странски инвеститори во Македонија.

На “Светскиот пикник” присутни ќе бидат странските инвеститори, кои ќе ја промовираат културата на својата земја преку традиционална храна, карактеристична токму за нив. 

САД | Хот-дог и пита од јаболка
Австрија | Виенска шницла и штрудла од јаболка
Велика Британија | Фиш енд чипс и пита од јаболка
Грција | Суфлаки и раванија
Белгија | Ќофтиња (битербален) и вафли
Турција | Кебаб и баклава
Италија | Пица 
Швајцарија | Чоколадна фонтана 
Франција | Кроасан
Геманија | Кари вурст

Покрај можноста да се запознаете со различните вкусови, ќе можете и да се забавувате со музиката на South Park, а најмалите ќе уживаат во големиот број игри подготвени токму за нив.

На манифестацијата можете да купите ваучер за симболични 100 денари, со кој добивате еден оброк и пијалак, а собраните средства ќе се донираат во народните кујни.