СВЕТСКИ НАСТАП: Енрике им се заблагодари на македонските фанови за преубавиот концерт (ГАЛЕРИЈА)

Тоа што вчеравечер можеше да се види на концертот шпанскиот заводник  на  навистина наликува на светско шоу.Салата „Борис Трајковски“ до последно седиште се наполни и тоа доволно говори за популарноста која Енрике ја ужива во Македонија.

Енрике концертот го започна со композицијата „I'm freak“.

Од „Авалон продукција“ на прес-конференција открија дека имал големи барања што се однесува до техничкиот дел и опремата за концертот. Но за разлика од некои негови колеги и звучни имиња што имаат долги листи на барања за храна, сместување, пијалаци и други лични работи, Иглесијас бил скромен.

Шпанскиот заводник настапува во Скопје во рамките на светската турнеја „Секс енд лав“ во која го промовира својот последен студиски албум. На македонската публика, меѓу другото, ќе ѝ се претстави со сите негови досегашни хитови, вклучувајќи ги последните и можеби најпопуларни „Bailando“, „El Perdon“, потоа, „Not In Love“, „Hero“, „Tonight“, „Bailamos“, „I Like It“... кои несомнено беа на челните позиции на разни топ-листи во светот.

фото: Ѕвонко Плавевски

По концертот Енрике се заблагодари на македонската публика со поставување на фотографија на својот Фејсбук профил. На фотографијата остави и коментар: ”Ви благодарам што го направивте посебен мојот прв настап овде”.