Светската џез-легенда Душан Гојковиќ на концерт со Mакедонската филхармонија

Македонската филхармонија со гордост го најавува настапот на светската џез-легенда, славниот трубач Душко Гојковиќ!

На 15 декември во Домот на АРМ во 20 часот, музичкиот великан Душко Гојковиќ заедно со својот извонреден квартет во кој членуваат и Мартин Ѓаконовски-Шпато на контрабас, Ренато Кико на пијано и Владимир Костадиновиќ на тапани, ќе го промовира фантастичниот албум „Душко Гојковиќ со гудачи“.

Диригент е нашиот маестро Борјан Цанев, а македонската публика ќе има ретка можност да ужива во прекрасниот спој на класичната музика и џезот со романтичните теми кои ќе ги стоплат срцата!

Не ја пропуштајте оваа претпразнична музичка сеанса!