Светска банка: Околу 500 000 лица се иселиле од државава

Две третини од иселените од Македонија се работоспособни, а останатата третина е високостручен кадар, од кој најголем дел е од ИТ секторот, покажуваат податоците презентирани во полугодишниот извештај на Светска банка за Западен Балкан, пренесува „тв24“. Вкупната бројка на иселените од земјава, пак, е дури четвртина од вкупното население, односно околу 500.000 граѓани.

Заедно со Ерменија, Молдавија и Босна и Херцеговина, Македонија има најголем одлив на високобразован кадар, вели Бојан Шимбов, економист во Светска банка.

Светската банка предупредува дека мора да се преземат чекори за да се спречи одливот на таленти, бидејќи во спротивно ќе се доведе под ризик целокупната економија, пазарот на труд, како и одржливоста на пензискиот и здравствениот фонд.