Свекор од Ѓорче нападнал полицајци

Вчера во 15.00 часот во ЕИК Скопје полициски службеник од полициската станица ОН-Ѓорче Петров пријавил дека околу 11.00 часот во Скопје на ул. „Тиранска“ им била загрозена сигурноста.

Пријавителот со уште двајца полициски службеници извршувале службени работи по претходна поплака од страна на Ј.Р. и во тој момент дошол нејзиниот свекор Т.Р. (79) и започнал да ги навредува со погрдни зборови, а кон пријавителот упатил сериозни закани по животот. Кога Т.С. дошол во полициска станица продолжил со заканите по животот на полицискиот службеник.

Се преземаат мерки за документирање на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок против сторителот.