Суви сливи - еден од најдобрите сојузници на нашето здравје

 

Ретко ги јадеме, а тие нè чуваат од лоши болести.

Кога конзумираме храна која е мрсна или преработена иако уживаме во нејзиниот вкус, сепак често последиците се лоши за нашето здравје. Се соочуваме со тврда столица, која прави големи проблеми.

Но, за среќа постои нешто што може да ни помогне да го избегнеме ваквиот пробле. Тоа се сувите сливи – докажано средство од домашната аптека.

Најдобро е да се конзумираат 2-4 сливи наутро. Можеме да ги јадеме на празен стомак или да ги додадеме во некое мусли или друга каша за појадок.

Тие ја поттикнуваат работата на цревата, го подобруваат варењето, а со тоа и самиот метаболизам и ја спречуваат подуеноста и таложењето на килограмите.

Освен тоа, сувите и свежи сливи го штитат мозокот од штетното влијание на слободните радикали и помагаат во превенцијата на кардиоваскуларните болести и канцерогени заболувања. Тие содржат и високо ниво на фитонутриенти кои се нарекуваат феноли, а бројни истражувања покажуваат дека токму тие феноли се одлични за чистење на маснотиите од телото.

Ова сушено овошје исто така содржи  и многу природни влакна која помага во стабилизација на шеќерот во организмот. Тие помагаат и за намалување на холестеролот токму поради таквите влакна. Исто така, имаат моќ и да ги штитат коските и да го намалат ризикот од остеопероза. Содржат и бета каротен и витамин К кои се одлична комбинација за здравјето на коските и подобрување на циркулацијата.