Сусам – чувар на здравјето и моќен афродизијак

Сусамот е една од омилените намирници на ориенталните и северноафриканските народи, а исто така е многу позната и на нашето поднебје. Сусамот се користи во многу традиционални јадења, лебови и пецива, но и слатки јадења.

Денес, сусамот е најраспространет низ Кина, Индија и Судан. Неговото семе содржи меѓи 46 и 60 % квалитетно масло, а претставува висока, едногодишна билка. Сусамовото семе содржи висока концентрација на фитостерол, која има моќ да го намали нивото на холестерол во крвта, да го подобри имунитетот и да го намали ризикот од одредени видови рак.

Сусамот е особено богат и со железо, па доволно е да се внесат само 50 грама од ова семе за да се задоволи дневното ниво кое е потребно за овој минерал. Освен железо, во сусамот е присутни се и калциумот, манганот, бакарот, магнезиумот и селенот. Од витамините особено место зазема витаминот Е, моќен антиоксидант кој ги штити клетките од стареење, појава на тумори и срцеви заболувања. Истовремено, сусамот е одличен извор на тиамин, кој штити од оксидативни оштетувања.

Истражувањата покажуваат дека сусамот е делотворен против воспаленија и болки кај артритис, како и астматични напади. Иако е тежок за чувствителниот желудник и стомак, тој исто така треба умерено да се конзумира бидејќи е одличен за органите за варење. Во земјите каде се одгледува, сусамот има репутација на силен афродизијак.