Сурови вистини за животот кои морате да ги знаете

Ова се неколку вистини кои ќе ви помогнат да сфатите важни нешта за вашиот живот, а и со тоа да бидете подобра личност.

Никој не е презафатен за да ви одговори.

Дечкото или девојката од кои очекувате порака. Ако не добиете одговор од некого, тоа значи дека тие избрале да не ви одговорат. Колку поскоро престанете да наоѓате постојани оправдувања за луѓето на кои не сте им приоритет, толку побрзо ќе се приближите себеси кон луѓе и ситуации кои се навистина важни.

На сите им се најважни сопствените интереси.

Без оглед на тоа колку е добра и фина и љубезна одредена личност, тие секогаш ќе бидат посвесни за сопствените потреби отколку за вашите. Дури и најдобрите личности на целиот свет нема да знаат дека претерале ако некогаш не им го предочите тоа.  Дури и најискрениот работодавец понекогаш нема да биде свесен за вашиот труд ако продолжите да прифаќате повеќе и повеќе работа.

За жал, луѓето секогаш ќе се обидуваат да ги шират вашите граници, но на вас останува самите да ги изградите и да поставите црвени линии. Најголем дел од луѓето ќе земат од вас толку колку што ќе им дозволите, што значи дека повторно на вас останува да ги поставите таквите граници. 

Светот не ви должи апсолутно ништо

Можете да биде најдобрата, најпаметната и најинтересната личност во светот, но никој не ви должи ништо за тоа. Треба да знаете дека имате избор: можете да го потрошите своето време сожалувајќи се и мислејќи дека целиот свет е против вас, или пак да земете од светот тоа што сакате  и тоа што посакувате да биде ваше.

Важни се вашите дела, а не мисли.

Можете да седите и постојано да замислувате подобар свет, но се додека не почнете да правите нешто околу тоа, не правите никаква разлика. Добрите намери се одлична работа, но додека не се претворат во дела, тие не значат ништо. На крајот на денот, вашиот карактер се одредува од тоа што го правите, а не од тоа што го мислите за тоа.

Никој нема да дојде и да го спаси вашиот живот

Можете да читате книги и гледате филмови и да верувате во бајки, но на крајот на денот, единствената личност која може да ве спаси од вашите неволји сте вие самите. Драстичните промени во животот можат да произлезат само од нашата волја, а не од друга личност.