Суровата македонска реалност: Плата без факултет 30 илјади денари, а со факултет 12 илјади денари

Низ градот често може да се сретнат огласи за кои се бараат пекари во бурекџилница, за плата преку 30.000 денари.

Овие огласи понекогаш ги збунуваат минувачите бидејќи просечниот работник најчесто е платен во рамките на државниот просек (околу 350 евра), што е сума речиси двојно помала од онаа што им се нуди на пекарите.

Од друга страна и наставниците, па и докторите земаат помала плата, па се поставува прашањето зошто е тоа така? Но како што велат сопствениците на овие дуќани, денес речиси е невозможно да најдете пекар без работа и дека истата професија воопшто не е лесна.