Суперстар викенд во Скопје: спектакуларни концерти на Драгана Мирковиќ и Ацa Лукас

Продукциските куќи SkyMusic и Music Edition го најавуваат првиот суперстар викенд во Скопје. Во рамки на настанот спектакуларни концерти ќе одржат Драган Мирковиќ и Аца Лукас.

Скопје ќе биде единствениот главен град во регионот кој во рамките на Superstar weekend-от на 19ти и 20ти мај во ВИП Арената во С.Ц. Борис Трајковски ќе ги угости двете најголеми фолк звезди на Балканот - Драгана Мирковиќ и Аца Лукас.

Концертот на Драгана Мирковиќ кој е во склоп на нејзината турнеја “Една од милион“ која опфаќа 19 града во регионот ќе се одржи на 19ти мај со почеток од 21 часот. Фолк дивата започна со промотивната турнеја веднаш после излегување на албумот и ветува одлична забава со нејзините стар и нови хитови.

Веќе следниот ден, на 20ти мај со почеток во 21 часот Аца Лукас ќе одржи спектакуларен концерт кој е дел од неговата турнеја “Најголемите журки на Балканот“. Како своевидна најава за концертот во Скопје, популарниот фолкер на својот Youtube канал ќе објави дует. Името на другиот член на овој дует кој заедно со Лукас ќе изведе голем хит ќе остане тајна додека песната не се појави пред фановите. На концертот во Скопје пред промоцијата на песните од новиот албум Аца Лукас ќе ја загрее публиката и своите стари, добро познати хитови. После милионските прегледи на на Youtube на настапите на Лукас ширум светот за кои се бара карта повеќе, проктот “Најголемата журка на Балканот“ прерасна во “Најголемите журки на Балканот“ проект со далеку поголеми продукцијски барања. Спектакуларнита бина и продукција ќе бидат само дел од многубројните изненадувања за фановите на Драгана Мирковиќ и Аца Лукас.

Влезниците за овој “Superstar weekend“, како за секој концерт поединечно така и блок влезница за двата концерта, ќе бидат пуштени во продажба од понеделник 20ти март преку продажната мрежа Купикартизасе.

“Superstar weekend-от“ е во организација на продукциските куќи Skymusic и Music Edition.