Суперстар диџејот Аfrojack премиерно во Македонија на Оhrid Сalling 2017!

Eден од најпознатите светски музички артисти на денешницата, суперпопуларниот диџеј AFROJACK, премиерно ќе настапи ова лето во Македонија, и тоа на второто издание на фестивалот OHRID CALLING 2017, ноќ спроти Илинден, на 01 август, на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.

Поради фактот што AFROJACK е еден од најтиражните изведувачи на дeнешницата, а воедно можеби и највлијателниот диџеј и продуцент, неговото доаѓање во Македонија со нетрпение се очекуваше во целиот регион. Зад себе има Греми награда, а неколку години по ред, како и годинава, се наоѓа во топ 10 најдобри диџеи според сите релевантни диџеј листи.

Nick van de Wall, во јавноста познат како AFROJACK е помеѓудругото е познат и со соработките со David Guetta, Beyonce, Pitbull, Ne-Yo, Nicki Minaj и Skrillex, коишто се само дел од светски познатите музичари со кои тој досега соработувал. Светската популарност ја стекнува со првиот албум, насловен „Forget the World“ кој го лансираше во ѕвездите и му го осигура место на сите големи светски и европски фестивали, како: Ultra Music Festivals, Tomorrowland, а тука се и редовните резидент свирки во клубовите низ Ибица.

Инаку од оваа година, фестивалот OHRID CALLING ќе добие една поинаква димензија, па така фестивалот кој за брзо време стана препознатлив бренд во Македонија и на Балканот, годинава ќе трае два дена, од 01 до 02-ри август, со што Охрид навистина ќе стане огромна туристичка атракција ова лето за посетителите од цела Европа.