Суперсемки кои треба да се дел од вашата исхрана

Некои од овие семки се обични кои растат на нашето поднебје, а некои се егзотични. Но, сите ни се достапни и можеме да ги најдеме во продавниците за здрава храна.  Можете така да ги конзумирате, а некои да ги додадете во салатата или во смути. Тие содржат многу хранливи материи  како здрави масти, протеини, влакна, минерали, витамини и аминокиселини кои треба да  бидат дел од вашата секојдневна исхрана. Секако, станува збор за мала количина на земки кои се потребни за задоволување на дневните потреби на организмот.

Чиа

Чиа семето е одличен извор на влакна и минерали кое содржи железо повеќе од спанаќот, повеќе калиум од бананата и има посилна антиоксидативна мож од боровинките. Затоа и тоа спаѓа во листата на најкомплетни намирници во природата. Кога ќе почнете да ги конзумирате, ќе забележите дека ќе имате подобар метаболизам и многу повеќе енергија. Лековитото дејство е воочено во процесот на регенерација на ткивото и мускулите, бидејќи содржат и калциум и алфа-линоленска киселина, како и омега 3 масни киселини, чие зголемено внесување придонесува за намалување на болките во зглобовите и воспалителните процеси.

Можете да ги конзумирате во салата од зеленчук или овошје, јогурт или да ги додадете во вашата супа или овесна каша. Оставете ги да отстојат околу 15 минути во вода.

Ленено семе

Лененото семе содржи висок процеснт на масни киселини, влакна и магнезиум , а некои истражувања покажуваат дека редовното конзумирање на лененото семе го намалува нивото на холестерол во крвта и го нормализира крвниот притисок.

Тоа треба да се измеле и да се чува во фрижидер, но тоа не треба да се чува мелено долго време.  Затоа, треба да се сомеле онолку колку што сметате дека ќе ви биде потребно. Тоа е така бидејќи кислородот ја намалува вредноста на омега 3 масните киселини и полизаситените масти, па затоа подобро е да се чува во фрижидер или замрзнувач.

Семе од коноп

Во последно време ова семе станува многу популарно меѓу веганите и фанатиците за здрава исхрана кои ги додаваат во житариците, кашите, салатите, шејковите, а се прави и млеко од конопот. Тоа е богато со антиоксиданти, влакна, минерали, како што е цинкот и витаминот Е, поради тоа што покажува одлични резултати при  негата на кожата и косата. Исто така, има и регенеративно својство и корисно е при повреда и воспаление на мускулното ткиво, зајакнување на имунолошкиот систем и при превенција на болести на срцето.

Семки од тиква

Богати со протеини, железо, цинк и магнезиум, тие го стабилизираат крвниот притисок и помагаат во јакнење на коските и придонесуваат за намалување на стресот. Исто така, ги ублажуваат тегобите кај проблемите со простата. Семките од тиква можат да се конзумираат така, или пак да се додадат во салати и смути.

Сусам

Сусамовото семе најчесто се користи во секојдневната исхрана, а богато е со калциум, магнезиум, железо и цинк. Тоа може да се додаде во секое јадење и секоја салата.

Сончоглед

Ова семе е силен антиоксидант, кој го штити организмот од УВ зрачења. Само пола шолја сончоглед содржи повеќе од дневната препорачана доза на витамини Е. Исто така, семето од сончоглед е богат извор на аминокиселини кои на мозокот делуваат како антидепресиви. Може да се конзумира сиров, а може и да се додаде во салатите и другата храна.