Суперкупот ја исплати Арената „Филип Втори“: 20 милиони евра ќе влезат во Македонија поради натпреварот меѓу Реал и Јунајтед

Македонската економија ќе има позитивен ефект од одржувањето на Суперкупот на Европа.

Според прогнозите, турнистите кои специјално ќе бидат во земјава за мечот од Суперкупот ќе потрошат меѓу 15-20 милиони евра во хотелите, рестораните, за посета на културните знаменитости, транспортсни услуги, шопинг центри… Ова се проценките на порталот „Маркетинг 365“, пренесува Фудбалската федерација на Македонија на својата интернет страница.

Ова е уште еден математички доказ на исправноста од одлуката да се вложи во реновирање, надградба и доградба на стадионот во Скопје кој од Градски стана Арена „Филип Втори“. Вложувањето во спортот, особено оваа одлука, беа често жестоко критикувани од тогашната опозиција, меѓу кои предничеше градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски, сеејќи паника дека северната трибина можела да падне и да се сруши.

Но, наместо неговите црни сценарија, Скопје и Македонија заблескаа во златен сјај со добивањето организација на овој најголем спортски настан кој се случил во историјата на нашата држава кој според проценките, само за овој натпревар ќе придонесе во инкасирање на 20 милиони евра свеж кеш во нашата земја.

Се разбира дека тоа немаше теорија да се случи доколку во Скопје го немавме новиот стадион кој со само еден организиран натпревар на него во Македонија врати 20 милиони евра. Без оглед на политичката определба во табори, ова е уште еден доказ за далековидоста и економското знаење на Владата која ја предводеа Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.