Super Mario и Angry Birds во новата Македонската филхармонија

Во новата концертна сала на Македонската филхармонија на 1 јуни со почеток во 20 часот ќе се одржи симфониски концерт под наслов „Видеоигра“, на кој ќе биде изведена музиката од најпознатите видеоигри во светот.

На репертоарот ќе бидат композициите од видеоигрите „Final Fantasy“, „Super Mario“, „Angry Birds“, „Grand Theft Auto“, „Battlefield“, „Pokemon“, „Tetris“, „World of Warcraft“ и други.

Концертот ќе се одржи под диригентската палка на маестро Тимоти Редмонд од Велика Британија, еден од најистакнатите диригенти во Европа.

Со „Видеоигра“ за првпат во Македонија ќе се изведува музика од најпопуларната форма на забава во светот, аранжирана за голем симфониски оркестар.