Субвенции за инвертер клими, уреди на гас, прочистувачи на воздух, соларни панели, велосипеди, печки на пелети

В година жителите на скопските општини ќе може да конкурираат за низа субвенции, едните се веќе познати и понудени, другите нови. Се нудат од субвенции за печки на пелети, велосипеди, соларни панели, клими до уреди за гас прочистувачи на воздух.

Најголем дел од нив се во насока на заштита на животната средина.

Општините се подарежливи кон своите граѓани. Во буџетите за 2018-година се предвидуваат субвенции за се си сешто – од субевнции за велосипеди, за печки на пелети, фасади, лифтови, покриви, листата се надополнува и со нови. За првпат се споменуваат и субвенции за инвертер клими за затоплување, како и соларни панели и прочистувачи на воздух, зелени покриви, за обука на оџачари.

Град Скопје в година ќе подели 10 милиони денари субвенции при набавка на инвертери за затоплување, а приватните превозници ќе добијат субвенции во висина од 20 милиони денари со цел да се инсталираат уреди на гас. За училиштата ќе се обезбедат 90 милиони денари за реконструкција на енергетско-ефикасни фасади, како и 12 милиони денари за опремување на училниците со прочистувачи на воздух. Во склоп со буџетот за 2018 година, предвидени се и зелени проекти за кои ќе има 10 милиони денари за кофинансирање на изработка на зелени покриви со соодветни институции. Град Скопје продолжува и со мерката за субвенционирање при набавка на печки на пелети за што се наменети 15 милиони денари, а ќе бидат обезбедени и финансиски средства во висина од 1,6 милиони денари за обука на оџачари. Граѓаните ќе добијат и дополнителни субвенции од 10 милиони денари при набавка на велосипеди.

Општина Аеродром за 20 пати го зголеми буџетот за заштита на животната средина, или вкупно 20 милиони денари. Со овие средства ќе се купуваат прочистувачи на воздухот во градинките, ќе се набавуваат филтри за оџаци или катализатор за горива за градинките и училиштата што се греат на дрва, ќе се субвенционира и набавка на алтернативни системи за греење (инвертер-клима уреди, печки на пелети…), ќе се градат вертикални зелени површини, контрола на работењето на градилиштата и на автосервисите.

Општина Центар ќе субвенционира печки за пелети за што се предвидени средства во износ од 6 милиони денари. Предвидени се и 2 милиони денари за соларни панели, 40 милиони за енергетски фасади, за субвенционирање за реконструкција на покриви 5 милиони денари, за монтажни паркинзи 44 милиони, како и 2.510.000 денари за реконструкција на зеленило.

Слични мерки се предвидуваат и во другите скопски општини. Општина Карпош и Општина Гази Баба даваат субвенции за нови фасади, кровови и лифтови. А освен во субвенции дел од општините делат и еднократен надомест за новороденчињата.