Студот донесе снег во Македонија - еве каде вее во моментов

Сообраќајот на патиштата низ државата се одвива тековно по наместа влажни коловози, а слаб снег којшто не се задржува на коловозот провејува во Прилеп, Буково, Ѓавато, Пресека и Железнец.

Јавното претпријатие „Македонија пат“ информира дека нивните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Оттаму апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот. 

Подетални информации возачите може да добијат на дежурниот телефон 02/25 61 502 или на веб страницата www.makedonijapat.com.mk.