„Студентски пленум“ ќе ги блокира утрешните избори за Студентски парламент

Студентската организација „Студентски пленум“ ги повика студентите на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ утре во 12 часот да излезат на платото во универзитетскиот кампус и да ги блокираат изборите за претставници и претседател на Студентскиот парламент.

Според нив изборите се нелегитимни и нелегални. Како што е веќе познато тие ја опструираа работата на Ректоратот и изборот на новиот Ректор, бидејќи на седницата за избор бил присутен актуелниот претседател на Студентскиот паламент кој според нив е нелегитимен претставник на студентите. Нивните барања се да се измени статутот на УКИМ за делот за студентско организирање. Од „Пленумот“ сметаат дека имаат право да ги спречат изборите и дека нудат подобро решение за решавањето на моменталната ситуација.