Студентка нападната и ограбена во влез

Вчера во 17,30 часот во ЕИК-Скопје, С.А.(18) од Тетово, пријавила дека во 17,25 часот на ул.„Крсте Асенов“ поточно во влез од зграда, непознато лице и пришло од зад грб, ја турнало и со тупаница ја удрило во пределот на лицето, по што и го одзело мобилниот телефон и го напуштил местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот како и целосно расчистување на случајот.