Студентите од ФЕИТ победници на натпреварот LabVIEW

Студентите од Факултетот за електротехника и информациски технологии-Скопје, остварија најдобар резултат на меѓународниот натпревар по LabVIEW, оджан во Загреб, Хрватска.

Студентите Мино Тодоров, Стефан Аговски и Андреј Станковски, под менторство на професорите Живко Коколански и Бодан Велковски,  остварија одлични резултати  во конкуренција со 21 студенти од универзитети од целиот Балкан.

– Резултатите говорат за нашата посветеност како екипа. Јас освоив второ место, а како екипа сме најуспешни на натпреварот. Тоа е одлично доколку се земе предвид дека имаше натпреварувачи од осум универзитети од Балканот. Многу сум задоволен што и покрај многуте обврски успеавме да најдеме време и успешно да се кооридинираме, заедно да споделиме она што знаеме и успешно да се подготвиме за натпреварот, изјави Мино Тодоров во име на добитниците.

Инаку, нашите претставници во јуни годинава се здобија со сертификат Certified LabVIEW Associated Developer – CLAD. Тоа значеше повторување на успехот од лани, на истиот натпревар, тогаш одржан во Белград.

Факултетот за електротехника и информациски технологии наредната година ќе биде домаќин на натпреварот по LABVIEW, по предлог на претставникот на National Instruments за Источна Европа, Андреј Дрозг и едногласното прифаќање од страна на сите ментори од другите држави.