Студеничани и улица Босна и Херцеговина без вода

ЈП Водовод и канализација –Скопје информира дека поради реконструкција на водоводна мрежа ф100мм на ул.1 бб, во Студеничани (во близина на Поштата) денеска ќе има прекин на водоснабдувањето на корисниците на истата улица. Прекинот на водоснабдувањето ќе биде од 11.20 часот, а работите ќе продолжат и утре.

Воедно на 24.03.2018 г. поради водоводен приклучок од ф-250мм на ф-150мм, ул.Босна и Херцеговина бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица од 08:00 ч. до санирање.