Студени, летни салати - сечкајте и мешајте различни вкусови

Збогатете си го летното мени со неколку нови салати кои ќе ви ги дадат потребните хранливи и освежителни состојки, а истовремено нема да и наштетат на вашата линија.

Туна салата

Потребно е: 2 конзерви туна, 3 чаши ориз, 300g мајонез, 400g павлака, 300g кисели краставички

Подготовка: Сварениот ориз измешајте го со сите состојки, оладете и послужете.

Печени пиперки со павлака

Потребно е: 6-7 печени пиперки, 2-3 варени јајца, 400g кисела павлака, 100g мајонез, сол, зачини

Подготовка: Исечкајте ја пиперката на кругови, а јајцата на ситни коцки. Во сад измешајте ги со павлаката и мајонезот, па зачинете. Оладете и послужете со бело вино.

Студени тестенини

Потребно е: 400g тестенини, 150g шунка, 150g бело сирење, 10-12 кисели краставички, 4 варени јајца, 3-4 лажици мајонез, 200g кисело млеко, 200 ml јогурт

Подготовка: Сварете ги тестенините и оладете ги. Ситно сечкајте ги сите состојки и помешајте ги со јогуртот, мајонезот и киселото млеко. Прелијте врз тестенините и послужете.

Бела салата

Потребно е: 2 компири, 200g мајонез, 170g крем сирење, 400g павлака, 150g шунка, 3 јајца, 100g кашкавал

Подготовка: Мајонезот и половина од павлаката измешајте ги, па со таа смеса филувајте меѓу редовите. Изрендајте компир на дното на садот и посолете, па потоа премачкајте го со мајонез и павлака. Потоа наредете ја шунката со крем сирењето, прелијте со мајонезот и павлаката, па изрендајте ги јајцата. Најгоре додадете ја преостанатата павлака и изрендајте го кашкавалот.

Салата од цвекло

Потребно е: 500g маринирано цвекло, 1 варено јајце, 200ml кисела павлака, 1 лажица сенф, масло, сол, бибер

Подготовка: Цвеклото и јајцата исечкајте ги ситно и додајте ја павлаката помешана со сенфот. Посолете, зачинете и послужете ја салатата како додаток на тестенини или парче бело месо.