Студената вистина за денешните, модерни врски

Во врска сме, но не сме во врска.

Седиме една саботна вечер во неговата соба, мојата глава е потпрена на неговото рамо, нашите прсти се испреплетени. Целиот ден го поминавме заедно, и ноќта ќе ја поминеме заедно.

Но, веќе се откажав од прашањата што сме ние. Тоа што го имаме, не е создадено за да потрае. Тоа што го правиме, на крајот ќе заврши. Тоа е така и за другите врски. Но, на нашата и се знае крајот.

Тоа од почетокот беше јасно. Кога се запознавме, и двајцатњ бевме оштетени и повредени од претходните врски. Не сакавме да вложуваме енергија во нешто што знаеме дека нема да потрае. Тоа е само привидна романса, некаква модерна врска која не сакаме да ја дефинираме и наречеме врска. 

Ги сакаме бенефитите од врската, без да ги прифатиме ограничувањата од неа. Сакаме бакнежи, прегратки, секс, некој со кој ќе ја гледаме нашата омилена серија и некој кој ќе не сослуша за тоа како поминал нашиот ден. Но, не сакаме врска. 

Но, без да сфаќаме – обидувајќи се да го избегнеме повредувањето од другата личност, ги повредуваме другите и се повредуваме себеси.

Им кажуваме на своите пријатели за таа личност, а тие секако се збунети. Понекогаш поставуваат прашања, а понекогаш едноставно климаат со главата. Се обидуваме да им објасниме, но не можеме. Што би објасниле? Дека сакаме интимност, сакаме да бидеме сакани, сакаме прегратки, сакаме почит. Но, не сакаме дефинции и етикети. Не сакаме да бидеме нечиј партнер.

Порано можевме да се заљубиме многу лесно. Бевме попаметни, бевме не толку претпазливи и се предававме така лесно. Но, сега сме исплашени. Не веруваме никому. Баш никому.

И, не можеме да се вратиме назад.

Не можеме да бидеме личноста која порано бевме. Не знаеме како. Иако тоа нѐ прави многу тажни, не можеме поинаку. Можеме само да уживаме со оваа личност и да се потрудиме тоа да потрае. 

Но, можеме ли да ги срушиме нашите ѕидови? Време е за нешто вистинско.