Стрелец: Хороскоп за јули 2017

Работа

На почетокот на месецот, на 5-ти и 6-ти јули Меркур влегува во знакот Лав, а Венера во знакот на Близнаци и вашето поле на партнерствата. Тоа ќе ви донесе многу различни контакти и нови видови на соработка и можности за склопување нови договори кои можат да се покажат како профитабилни во иднина. Внимателно проценете со кого можете да остварите ново работно партнерство и каков договор или соработка сакате да започнете.

Меркур ќе ве направи да бидете брзоплети и непромислени и затоа треба да внимавате да не влегувате во непроверени работи. Втората недела од јули ви отвора можност за добивка на полето на невладините организации, јавноста и медиумите, но и странство.

Во текот на јули избегнувајте да трошите многу пари и да имате непредвидени трошоци и никако не се задолжувајте. Првата половина на месецот ќе биде навистина напорна кога станува збор за финансиите, додека пак втората половина носи повеќе стабилност.

Невработените Стрелци ќе се однесуваат немарно кон односите кои им се нудат, што може да донесе до неуспех и незадоволство.

Љубов

Ако сте во врска: Венера до крајот на месецот ќе престојува во вашето поле на љубовта и партнерствата, што ќе ви донесе погодност да ја подобрите својата врска и да смислите како да го поминете своето време со партнерот. Ќе уживате во разговорите на различни теми и ќе зборувате за заедничките цели и соништа.

Средината на месецот носи одлична можност за заднички одмор или летно патување, каде ќе можете да поминете квалитетно време со својот партнер.

Ако сте слободни: Ќе бидете дружељубиви и ќе сакате да минувате многу време на излегување и забава. Некој ќе ви го привлече вниманието, но вие пак ќе го привлечете вниманието на друга личност. Ќе дојдете во ситуација да правите обиди да бидете со личноста која ви се допаѓа, но ве очекува и секс за една ноќ и продлабочување на врската со таа личност. Ако влезете во нова врска, тоа ќе биде многу нестабилно.
Дел од Стрелците ќе се наоѓаат во ситуација да имаат контрадикторни чувства, што ќе им пречи во донесувањето на одлуките за почнување нова врска.

Здравје

Ќе немате посебна потреба многу да се движите, но треба да знаете дека тоа ви е потребно. Највеќе ќе ви годи свежиот планински воздух и долгите прошетки.

Исхраната треба да ви биде разновидна, но лесна. Избегнувајте храна која тешко се вари, умерено земајте месо и мешункаст зеленчук, а повеќе земајте храна која е богата со витамини и антиоксиданти. Умерено конзумирајте и житарици, млечни производи и леб.