Стравови со кои се соочува секоја девојка која била повредена во љубовта

Имаше моменти во нашата врска кога се беше супер, но за жал најчесто бевме ужасен пар.

На крај раскинавме и направив се што можам за да заборавам на него. Има едно место каде не можам да го избришам, а тоа е мојата нова прекрасна врска. Годините поминати во глупави игри и расправии ја уништија мојата самодоверба и мојата доверба во другите. Мојот бивш можеби не е повеќе тука, но се уште влијае на многу мои мисли и дејства. А тоа не е фер за мојот нов дечко.

Ја анализирам секоја работа која ќе ја каже

Кога ќе рече дека му недостигам, навистина ли го мисли тоа? Или го кажува тоа само затоа што сака нешто од мене? Претходниот го правеше тоа. Дали навистина му се допаѓам или само не сака да биде сам? Повторно, тоа беше случај со претходниот, па сега го пренесувам и во новата врска.

Се вадам од памет кога некое време нема да ми пише

Зошто го нема цел ден? Дали е со друга девојка? Дали некогаш ќе се чујам пак со него? Дали нашол друга девојка и сфатил дека јас не сум важна? Поранешниот со денови не ми пишуваше и не се јавуваше, а на крај сфатив дека има друга девојка.

Постојано барам знаци дека има некоја друга

Кога ќе отидам кај него, не можам да се контролирам и чепкам малку низ неговата соба. Кај бившиот дома имаше цела плејада работи од девојките што биле кај него, па и сега сум цело време на штрек.

Не можам да си дозволам да се заљубам

Навистина го сакав бившиот и кога ме оставаше се чувствував посрамотено и безвредно. А потоа се враќаше и ми кажуваше дека ме сака. А потоа пак ќе ме заменеше со друга. Постојано ми го кршеше срцето. И не сакам повторно да го дозволам тоа. Мојот нов дечко го гледа тоа. Не направил ништо за да го заслужи тоа. Тој супер се однесува со мене и посакувам да можам да го сакам како што љубев порано. Кога верував во луѓето. Кога сакав со цело срце и не мислев на последиците.