Страшни фотографии сведочат за силниот земјотрес кој утринава го погоди Загреб

Земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди утрово Загреб во 6,23 часот, проследен со уште еден потрес со јачина од пет степени, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, објави утринава Скопјеинфо.

На Фејсбук веднаш се појавија фотографии кои сведочат за јачината на земјотресот кој направи голема материјална штета.