Страшна сообраќајна несреќа во Скопје

Во текот на вчерашниот ден во 18.00 часот на улицата „Македонско Косовска Бригада“ во Скопје, се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „Пежо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 18-годишниот скопјанец М.М. и возило „Фолскваген Голф“  со скопски регистарски ознаки, управувано од страна на 38-годишниот М.М. од селото Љуботен.

Полциијата денеска информира дека по незгодата, со возило на Брза помош  возачот на мопедот е пренесен во Ургентен центар Скопје, каде од страна на доктор му се констатирани тешки телесни повреди.

По укажаната лекарска помош е задржан на понатамошно лекување.