Страшна сообраќајка утрово на „Рузвелтова“- задниот дел од автомобилот целосно смачкан (ФОТО)

Страшна сообраќајна несреќа се случила рано утринава на булеварот „Рузвелтова“ во скопски Карпош.

Според информациите од терен на новинарската екипа на КУРИР станува збор за сообраќајна несреќа во која учествувале два автомобили, од кои едниот е веќе отстранет, а другиот е речиси смачкан во задниот дел.

Поради полицискиот увид и контрола, на фотографиите не може да се види смачканиот дел од задната страна на автомобилот од марката „Форд“.

Инаку во моментов се уште трае увидот и сообраќајот по булеварот се движи отежнато.

За сега нема информации дали има повредени.